Makita DCG140 Instruction Manual - Работење
40
Слика16
Вметнете го картриџот во држачот како што е
покажано на сликата.
Поставете го капачето на држачот. Осигурете се
дека е цврсто стегнато.
Туркајте ја нежно шипката додека клипот не допре
на дното од картриџот.
За да го извадите картриџот, извадете го капачето на
држачот, а потоа извадете го картриџот.
НАПОМЕНА:
•
Секогаш проверувајте дали картриџот е дупнат
или оштетен пред да го монтирате. Не
користете оштетен картриџ, во спротивно
алатот може да се оштети.
•
Ако користите делумно употребуван картриџ,
извадете ги наслагите од материјал насобрани
на картриџот.
Монтирање обложено пакување
НАПОМЕНА:
•
Осигурете се дека клипот В е поставен на
шипката. Не користете друг вид клип за
обложено пакување.
•
Обложеното пакување може да се монтира
само во долгиот држач (600 мл).
Извадете ги капачето на држачот, прскалката и
гумениот прстен од држачот.
Влечете ја дршката на шипката бавно наназад
додека не застане.
Слика17
Отсечете го врвот на обложеното пакување.
Вметнете го обложеното пакување во држачот.
Слика18
Поставете ги гумениот прстен, прскалката и
капачето на држачот. Осигурете се дека капачето на
држачот е цврсто стегнато.
Туркајте ја нежно шипката додека клипот не допре
на дното од обложеното пакување.
НАПОМЕНА:
•
Секогаш
проверувајте
дали
обложеното
пакување е дупнато или оштетено пред да го
монтирате. Не користете оштетено пакување,
во спротивно алатот може да се оштети.
Директно полнење
НАПОМЕНА:
•
Осигурете се дека клипот С е поставен на
шипката. Не користете друг вид клип за
директно полнење.
•
Директно полнење може да се изведе само со
долгиот држач (600 мл).
Извадете ги капачето на држачот, прскалката и
гумениот прстен од држачот.
Осигурете се дека дршката на шипката е поставена
во положба најнапред.
Потопете го устието на држачот во материјалот за
заптивање.
Влечете ја бавно дршката на шипката додека
потребната количина материјал за заптивање не се
наполни во држачот.
Поставете ги гумениот прстен, прскалката и
капачето на држачот. Осигурете се дека капачето на
држачот е цврсто стегнато.
НАПОМЕНА:
•
Чистете го држачот со соодветен раствор по
секојдневната работа. Во спротивно, наслагите
од
материјал
за
заптивање
може
да
предизвикаат кршење на алатот.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Не допирајте ја шипката за време на работата.
Во спротивно, вашиот прст може да биде
штипнат помеѓу шипката и куќиштето на алатот.
•
Секогаш носете заштитни очила за време на
работата.
НАПОМЕНА:
•
Не покривајте ги отворите за вентилација
бидејќи тоа може да предизвика прегревање и
оштетување на алатот.
•
Ако шипката не може да се повлече, свртете го
бирачот за прилагодување на брзината на 1 и
за момент повлечете го прекинувачот, и
обидете се да ја повлечете шипката откако ќе
запре моторот. Ако шипката е сè уште затната,
извршувајте го истото дејство додека шипката
не биде во можност да се движи.
Отсечете го врвот на прскалката соодветно за
поединечна работа. Внимавајте колку ја сечете
прскалката. Дијаметарот на прскалката влијае врз
количината на материјал за заптивање што се нанесува.
Повлечете го прекинувачот за нанесување на
материјалот за заптивање.
Количината материјал за заптивање што се нанесува се
одредува со помош на прекинувачот, бирачот за
прилагодување на брзината, дијаметарот на отворот на
прскалката, видот материјал за заптивање и од
температурата.
Се препорачува бирачот за прилагодување на брзината
да е поставен на „1“, и притоа бавно повлечете го
прекинувачот прв пат за да истестирате колкава
количина материјал за заптивање се нанесува.
Кога шипката го достигне предниот крај, моторот
започнува да работи во празен од. Кога ќе се случи
тоа, заменете го материјалот за заптивање.
НАПОМЕНА:
Ако материјалот за заптивање не се распрскува,
проверете ги следниве работи:
•
Врвот на прскалката не е соодветно отсечен.
Отсечете го врвот на прскалката соодветно за
поединечна работа.
•
Стврднат материјал се заглавил во прскалката.
Отстранете го стврднатиот материјал.