Quadro CH-6022 User Manual - page 16
МЕРКИ ЗА ВНИМАНИЕ
Монтажа
•
Апаратот мора да биде инсталиран од страна на стручно лице.
•
Подесувањето на било кој дел од овој апарат е опасно.
•
Производителот одбива одговорност во случај нанепридржување кон мерките за безбедност.
•
Местото на кое ќе го поставите апаратот мора да има осигурано добра и постојана
вентилација.
•
Ако апаратот го користите истовремено со плински апарати, мора да ја проветрувате
просторијата.
•
Оддалеченоста меѓу апаратот за готвење и долниот дел на аспираторот мора да биде најмалку
75 см.
•
Користете електричен шуко приклучок каков што е пропишан за вашата земја.
•
Проверете дали напонот кој го користите одговара со напонот на апаратот.
•
Излезниот воздух не смее да се испушта низ вентилациските канали кои се наменети за
апарати што работат на плин или други горива.
•
Условите за одвод на излезниот воздух мора да бидат исполнети.
Користење на апаратот
•
Овој производ е наменет само за употреба во домаќинства и не смее да се употребува за
комерцијални цели.
•
После употреба проверете дали сите копчиња се во позиција "OFF" (исклучени).
•
Кога пржите на плински пламеник обратете внимание да не се запали зејтинот или маста. Не
фламбирајте под кујнскиот аспиратор.
Мерки за внимание за деца
•
Со овој апарат би требало да ракуваат само возрасни лица.
Чистење, одржување и сервис на апаратот
•
Филтрите за маснотии чистете ги што почесто (барем еднаш месечно). Големи наслаги масти
се потенцијална опасност од пожар.
•
Никогаш не обидувајте се сами да го поправате апаратот. Секогаш обратете се на стручен
сервис.
•
За ваша сигурност побарајте оригинални делови.
•
Пред чистење исклучете го апаратот од струјата.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Копчиња за работа со аспираторот
Го исклучува аспираторот
Го подесува на помала брзина
Го подесува на средна брзина
Го подесува на поголема брзина
Го исклучува / вклучува светлото
- 15 -
МАКЕДОСНСКИ