Quadro CH-6022 User Manual - page 17
ПОДЕСУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА РАБОТА НА АПАРАТОТ
• Овој апарат е опремен со 3 брзинско механички или електронски регулации.
• Користете ја помалата брзина за лесно вриење и кратко готвење, а поголемата брзина за
пржење и долго готвење.
ИЗДУВЕН ИЛИ ПРОТОЧЕН НАЧИН НА РАБОТА
Во зависност од вашите потреби, овој апарат може да се подеси на издувен или проточен начин на
работа.
• ИЗДУВЕН НАЧИН НА РАБОТА: Незапалливиот издувен систем со пречник 150 mm ја
спроведува пареата низ соодветниот излез. За овој начин на работа потребно е да се постават
само алуминиумските филтри за масна пареа.
• ПРОТОЧЕН НАЧИН НА РАБОТА: Пареата се прочистува од маснотиите и мирисите и низ
алуминиумските филтри за масна пареа и јаглените филтри, и повторно се спроведува во
кујната. За овој начин на работа потребно е да се постават двата вида филтри, и алуминиумски
и јаглени.
Спојување со напојувањето
Апаратот е продукт класа II и не е потребно да се заземјува. Електричното спојување
направете го како што следи:
Смеѓа = L жива
Сина = N неутрално
Доколку во комплетот нема утичница, прилагодете го спојот според шемата што се наоѓа на
лепенката на апаратот. Во случај на спојување на кабелот со напојувањето без утичница,
задолжително во струјниот круг вклучете и склопка со минимален отвор на контактот од 3 mm и
димензионирана за оптеретување означено на лепенката на апаратот.
Електричниот спој мора да биде изведен во согласност со стандардите и законите.
Проверете дали електричниот напон одговара со напонот на апаратот, во спротивно немојте
да го вклучувате во струја.
Секогаш осигурајте жиците да не дојдат во допир со подвижните делови, како и да не бидат
згмечени.
Заменската халогена светилка не смее да биде појака од 20W.
Монтирање на аспираторот во висечки кујнски елемент
Пробушете 4 дупчиња со пречник 4 mm на дното на висечкиот кујнски елемент како што е
прикажано на слика 1. Поставете го аспираторот во елементот и прицврстете го со 4 штрафа
кои одговараат на видот на кујнскиот елемент.
Апаратот е опремен со 2 отвори за воздух, еден на горниот дел и друг на задната страна.
Отворите можете да ги користете во зависност од вашите барања.
Прстенот за спојување (C), спојте го со цевката за спојување. Со капакот (A) затворете го
отворот за воздух кој не го користете.
Монтажа
Пробушете4 дупчиња во ѕидот, кои одговараат на позициите (B) и (Z) како што е прикажано
на сликата 1. Обесете го аспираторот на ѕидот со помош на штрафовите означени со (B). За
дополнително прицврстување на аспираторот притегнете ги штрафовите низ отворите
означени со (Z).
- 16 -
МАКЕДОСНСКИ