Makita JN3201 Instruction Manual - Одржување
26
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Пред
секоја
проверка
или
одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен од
струја.
•
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
Алатот и отворите за воздух треба да се одржуваат
чисти. Редовно чистете ги отворите за воздух на
алатот, или секогаш кога ќе се извалкаат.
Работен век на патрицата и матрицата
Заменете ги или наострете ги патрицата и матрицата
по сечење на должините наведени во придружната
табела. Нивниот работен век зависи од дебелината
на материјалите што се сечеле и условите на
подмачкување.
Патрица
Заменете го по 150 м лим од 3,2 мм
Матрица
Наострете го по 300 м лим од 3,2 мм
006441
Кога сечењето е со слаба изведба дури и по
замената на патрицата, наострете ја матрицата.
Избрусете го тапиот раб, покажан на сликата, со
помош на брусилка. Откако грубо ќе го избрусите
истапениот дел, поминете го со брусен камен.
Отстранувањето струганици треба да биде околу 0,3
до 0,4 мм.
Слика9
Кога монтирате долна матрица, треба да се одржи
растојание од 3,5 до 4,0 мм со поставување една
или две од испорачаните шајбни, како што е
покажано на сликата. Во спротивно, ќе настанат
вибрации при сечењето.
Слика10
ВНИМАНИЕ:
•
При монтажата, внимателно стегнете ги
завртките за монтирање. Лабавата завртка
може да предизвика алатот да се скрши при
работата.
НАПОМЕНА:
•
Матрицата може да се наостри два пати. По
две острења, треба да се замени со нова.
Замена на јагленските четкички
Слика11
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките чисти
за да влегуваат во држачите непречено. Двете
јагленски четкички треба да се заменат истовремено.
Користете само идентични јагленски четкички.
Слика12
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот,
поправките,
одржувањата
или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
•
Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Матрица
•
Патрица
•
Имбус клуч
•
Клуч 50
•
Шајбна за прилагодување на висината на
матрицата
НАПОМЕНА:
•
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може да
се разликува од земја до земја.